За обраќањето на Путин во руското Собранието се акредитираа речиси 900 новинари

Фото: Vyacheslav Prokofyev / TASS / Profimedia

На страната е објавен список од 885 новинари кои ќе можат да го покриваат настанот, а меѓу нив има дописници, камермани, фото-репортери и продуценти.

Речиси 900 новинари од руските и странските медиуми се акредитираа за следење на обраќањето на претседателот на Русија, Владими Путин, во рускиот Парламент, кое во среда (15 јануари), соопштено е на интернет-страницата на Кремљ.

На страната е објавен список од 885 новинари кои ќе можат да го покриваат настанот, а меѓу нив има дописници, камермани, фото-репортери и продуценти.

Поголемиот дел на акредитираните новинари се претставници на руските медиуми, но обраќањето на претседателот на Русија обично привлекува интерес и од претставниците на странските медиумски куќи.

На списокот се наоѓаат новинари кои ги претставуваат најголемите светски новински агенции, весници и телевизиски мрежи од разни земји, пренесе „Тасс“.

Обраќањето на Путин пред Федералното Собрание на Руската Федерација е еден од најважните годишни настани на распоредот на рускиот претседател.

Говорот на рускиот претседател, со кој се претставуваат целите и задачите на државата, претставува водич кој треба да го следи Владата на Русија и рускиот Парламент.

Содржината на документот обично не се објавува однапред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот