За Обединетите нации пандемијата е катастрофа за правата на жените

Неодамнешните објавени податоци од Фондот за население на Обединетите нации покажуваат дека мерките на социјална изолација поради пандемијата од ковид-19 би можеле како последица да имаат 7 милиони непланирани бремености.

Фондот за население на Обединетите нации предупреди дека пандемијата на коронавирус може да предизвика нарушувања на правата на жените ширум светот.

Затворените училишта може да го поткопаат напредокот во планирањето на семејството, како и да предизвикаат зголемување на склучени бракови меѓу малолетниците, пренесува Евроњуз.

Бидејќи многу земји ги ограничуваат движењата за борба против ширењето на ковид-19, а кризата го зголемува социјалниот и економскиот стрес на семејствата – Обединетите нации предупредуваат на „страшно глобално зголемување на семејното насилство“. Бројот на злоупотребени жени и девојчиња е зголемен речиси во сите земји и само во наредните шест месеци над 30 милиони жени ќе доживеат насилство, како резултат на мерките за ограничувања.

Пандемијата на коронавирус го нарушува планирањето на семејството на неколку начини, велат од УНФПА. Бројни здравствени институции ги ограничуваат своите услуги, додека жените се воздржуваат од посета на овие институции поради ограничувања во движењето или затоа што стравуваат дека ќе се разболат од вирусот.

Прекинот на синџирите на снабдување пак, ја ограничуваат достапноста на контрацептивни средства.

Се проценува дека помеѓу 13 и 51 милиони жени, кои инаку би користеле модерни контрацептивни средства, нема да можат тоа да го направат. Ова може да резултира во најмалку 325.000 несакани бремености во најдобар случај – сè до 15 милиони несакани бремености за една година.

Се проценува дека ќе има уште 15 милиони случаи на родово базирано насилство, сè до 61 милион, ако ограничувањат останат на сила цела година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот