За незаконски ископ и шверц на артефакти: ОЈО со обвинение против осум лица меѓу кои и епидемиологот Вело Маркоски

Обвинение за незаконски археолошки истражувања и шверц на артефакти за стекнување на личен профит е поднесено против осум лица меѓу кои и познатиот македонски епидемиолог Вело Марковски кој е член на Извршниот комитет (ИК) на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Истрагата што ја водело Обвинителството за организиран криминал траела неколку месеци кое денеска го поднесе актот. Дел од артефактите, Маркоски ги чувал во својот стан додека не се најде купувач, по што обвинетите ги шверцувале.

– Лица се обвинети дека во текот на 2017 година и на 2018 година, поединечно или заедно, без дозвола на надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на Република Северна Македонија. Пронајдените добра неовластено ги прикривале и присвојувале, а потоа добра неовластено ги продавале на купувачи во земјата и во странство, објави Основното Јавно Обвинителство за организиран криминал.

Тројца од обвинетите кои се опфатени со актот се сметаат за „мозоци“ на групата кон која, според ОЈО за организиран криминал, подоцна се приклучил Маркоски и уште четири лица.

– Тие меѓусебно разменувале сознанија за позиционираноста на локалитетите и по нивно пронаоѓање, со неовластена употреба на метал-детектори и сонди, вршеле недозволени пребарувања. Со употреба на погодни алати, недозволено ги ископувале археолошките локалитети и локалитетите што содржат природни реткости, а пронајдените добра под привремена заштита, културни наследства и природни реткости со непроценлива вредност, сопственост на Република Северна Македонија, неовластено ги присвојувале, истакнуваат од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот