За непрописно паркирање казнети 70 возачи

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Сопатник во тешко моторно возило се здобил со тешки телесни повреди, а двајца се здобиле со лесни телесни повреди во три сообраќајни незгоди од вкупно осум што се случиле изминатото деноноќе на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 50 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, три кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четири возачи почетници.

Издадени се и 70 казни за непрописно паркирање, три за нерегистрирани возила и една за претовар, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 67 возила.

Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстостница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престигнување, еден за не користење заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, девет за не носење сигурносен појас за време на управување моторни возила и 41 за користење мобилен телефон при управување моторни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот