За непочитување на дозволеното работно време: Приведени двајца угостители во Гостивар

Полицијата во Гостивар викендот приведе двајца сопственици на угостителски објекти, работеле по дозволеното работното време.

Според СВР Тетово, вчеравечер (27 декември) околу 22:15 часот, полициски службеници на СВР Tетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 45-годишниот Ш.Ш. од Чегране, поради тоа што неговиот угостителски објект во ова гостиварско село бил отворен по 18 часот и во него престојувале гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар, објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат и ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик

Синоќа, исто така, во 19:45 часот, полициски службеници на СВР Tетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.З. (65) од Гостивар, затоа што во неговиот угостителски објект (чајџилница) на улица „Павле Аврамовски” во Гостивар, се наоѓале неколку лица и конзумирале пијалоци. Лицето Д.З. задржано е во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик, додека објектот времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот