За неколку секунди ЗАРАБОТИВ 1.000 ЕВРА: Тијана Дапчевиќ открива како ги добила овие пари! – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

За неколку секунди ЗАРАБОТИВ 1.000 ЕВРА: Тијана Дапчевиќ открива како ги добила овие пари!

Тијана открива како го заработила најголемиот бакшиш во својот живот. Таа за неколку секунди успеала да земе 1.000 евра.

Пејачите, во денешно време, се делат на оние кои со гордост го прифаќаат бакшишот и на оние кои со гадење зборуваат за овој вид на заработка, сметајќи го за недостоен.

Тијана Дапчевиќ, од друга страна, повеќе припаѓа кон онаа втората група, но не крие дека во една прилика добила неверојатен бакшиш.

„Во кафеана никогаш не сум добила бакшиш, но еднаш во една прилика на еден настан добив, кога на еден господин му запеав на увце“, откри Тијана која кај нас во последно време е мегапопуларна по улогата во ТВ серијата „Преспав“, глумејќи го ликот Ула.

„Тогаш за неколку секунди ми даде 1000 евра, и тоа е најголемиот бакшиш кој некогаш сум го добила. Инаку, јас не знам да земам пари на тој начин, најверојатно затоа што немам многу искуство во кафеани со таков начин на пеење. Тоа до некаде е и нормално бидејќи не се занимавам со народна музика“, заклучи Тијана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close