За некои работници К-15 и до 28.000 денари

Работници / Фото: mia.mk

Работодавачите им дале поголем регрес за годишен одмор на работниците благодарение на законските измени со кои како расход за даночни цели им се признава исплатен К-15 во висина до 80 проценти од просечната плата, за разлика од претходно кога им се признаваа 40 проценти. Од Созјузот на синдикати велат дека оваа законска измена, промовирана како мерка од Петтиот пакет, има ефект и дека дел од работодавачите во чии фирми има синдикат, на своите вработени им исплатиле регрес и до 100 отсто од просечната плата.

-Радува фактот што дел од работодавачите исплаќаа и 100 проценти од просечната плата, па така некои работници зедоа и по 28.000 денари, колку што изнесуваше просечната плата за јуни. Ова беше наш предлог и стана дел од Петтиот пакет антикризни мерки, а се покажа дека даночното ослободување е добра можност за работодавачите. Исплатата на овој регрес наменет за годишен одмор според закон и Колективен договор треба да заврши до крајот на годинава, така што има реални шанси да се зголеми бројката на компании кои ќе ја искористат мерката. Синдикатот прибира податоци за тоа како се движи исплатата на регресот и кај компаниите во кои  немаме свои претставници. Направивме и мобилна апликација „Мои работнички права“, преку која брзо, едноставно и анонимно работниците можат да пријавуваат прекршување на правата од работен однос, вклучувајќи ја и неисплатата на регресот за годишен одмор – велат од ССМ за „Слободен печат“.

Некои компании уште пролеттта им исплатија К-15 на своите работници за годинава и тоа во висина од над 25.000 денари. Но, некои не ја исполнија ни ланската обврска. Во ССМ добиле пријави од работници за повеќе од 100 работодавачи кои не исплатиле во целост или исплатиле помалку К-15 за 2020 година и веќе се санкционирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот