За неа времето како да застанало: Касандра позира во бикини на плажа (ФОТО)

Принтскрин

Познатата актерка од серијата „Касандра“, Кораима Торес, која во јуни наполни 47 години и тоа како води сметка за својот физички изглед.

Кораима Торес (47) / Фото: Инстаграм

Познато е дека актерката редовно тренира, а тоа најдобро се гледа и од нејзините фотографии на Инстаграм. Деновиве со фановите сподели неколку фотки на кои позира во бикини и неизбежно е да се забележи дека изгледа фантастично.

Фото: Инстаграм

Нејзините обожаватели за неа велат дека времето застанало.

Иако од снимањето на серијата „Касандра“ поминаа дури 28 години, Кораима Торес денес може да се пофали со резултатите од посветеноста кон здравата храна и наклонетоста кон физичката активност.

Фотографии: ИнстаграмИнаку оваа серија во која таа ја толкуваше главната улога започна со емитување во октомври 1992 година, а последната епизода беше во мај 1993 година. Вкупно беа снимени и емитувани 150 епизоди.

„Касандра“ е најверојатно најпознатата теленовела која се стекна со огромна гледаност на Балканот и Македонија во деведесетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот