За неа се напишани дури три љубовни песни! Која е Пети Бојд?

Профимедиа

Веројатно барем еднаш во животот сте ги слушнале песните „Wonderful Tonight“ на Ерик Клептон, „Layla“ на групата „Дерек и Доминос“ и песната „Something“ на „Битлси.

А дали знаевте дека сите три песни се напишани за една личност по име Пети Бојд?

Која е Пети Бојд?

Патриша Ен Бојд е познат англиски модел. Родена е во 1944 година, а светот за неа дознал кон средината на минатиот век, бидејќи тогаш стапила во брак со Џорџ Харисон од „Битлси“.

Profimedia

Харисон бил толку многу вљубен во неа, што и ја посветил познатата балада „Something“, која се појави на еден од најдобрите албуми на Битлси, „Abbey Road“.

Чуден факт е што во тоа време Ерик Клептон, добар пријател на Џорџ Харисон исто така бил вљубен во Пети, па една година по излегувањето на песната „Something“ Клептон ја напишал песната „Layla“, како член на групата „Дерек и Доминос“, со што на некој начин на Пети и изјавил љубов.

Во 1977 година Пети и Џорџ се разведоа, а по извесно време Ерик Клептон го објавува синглот „Wonderful Tonight“, кој стана планетарен сингл.

Истата година Пети и Ерик започнале врска, а по две години се венчале.

Нивниот брак не потраал, се развеле во 1989 година, иако останале во добри одности, а сепак песните напишани за Пети останале да сведочат за големите љубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот