„За народот херој, за судот криминалец“: Владимир убил педофил за да спаси деца, добил осум години затвор

Фото: Принтскрин

Владимир Санкин од Русија е осуден на осум години затвор откако го убил Владимир Зајцев (54), кој се обидел сексуално да нападне две деца.

Санкин е обвинет дека му нанел тешки телесни повреди на Зајцев, кој претходно бил осудуван заради педофилија, од кои подоцна тој починал. Настанот се случил во јануари минатата година, по што момчето (14) кое успеало да побегне од напаѓачот, истрчало до Владимир, кој шетал и му побарал помош.

Момчето рекло дека мажот го намамил него и неговиот другар во стан каде потоа им се заканувал со секира и ги натерал да се соблечат голи. Владимир, кога го слушнал тоа, со детето се стрчал накај станот каде Зајцев ги држел децата, го извлекол педофилот на улица и брутално го претепал. Од здобиените повреди, Зајцев починал во возилото на Итната помош.

Подоцна се дознало дека жртвата била претходно осудувана заради силување на дете. За време на судењето Владимир рекол дека немал намера да го убие човекот, туку само сакал да ги спаси децата.

Русите сметаат дека Владимир е херој, заради што и покренале петиција за да се ослободи. Сепак, судот не смета дека неговиот чин е херојски и тој денеска е осуден на казна затвор од осум години.

Извор: Србијаданас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот