За надлежните е рано да се дискутира за настава со физичко присуство на сите ученици

Ученици / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Покрај тоа што родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ инсистираат  на тоа учениците што побргу да се вратат во училишните клупи, а и без разлика на намалувањето на бројот на активни случаи од ковид-19, сепак надлежните сметаат дека се уште е рано да се размислува за тоа. 

Од Министерството за образование и наука велат оти главниот фокус останува актуелната учебна година да заврши успешно, а и дека се уште е неизвесно како ќе се одвива наставата во иднина.

– Сите ученици се опфатени во протоколите за наставаизготвени од претходно и очекуваме учебната година да заврши успешно. Дали и кога училиштата ќе ги отворат вратите за сите ученици, зависи од состојбата со пандемијата во државата, а сите одлуки поврзани со ова прашање, како и досега, ќе се донесат во соработка и по препораки на здравствените институции, првенствено на Комисијата за заразни болести – велат од МОН за „Слободен печат“, не прецизирајќи дали воопшто се размислува за отворање на училишните врати од септември.

Од друга страна пак, Виктор Исјановски, кој е директор на ЈЗУ Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести, вели оти се уште е рано да се прогнозира и дискутира за настава со физичко присуство за сите ученици.

Па така, според него, најважно е вакцинацијата да продолжи да се одвива во добро темпо, па дури потоа, ќе може да се види дали има услови за такво нешто.

– Се уште е рано да зборуваме за враќање на учениците во училишните клупи. Сега гледаме да дојдеме до една бројка, барем до 400.000 илјади аплицирани дози вакцини до крај на летово, бидејќи веќе ја поминавме бројката од 200.00 илјади, па веќе кога ќе имаме некои официјални бројки и резултати ќе видиме како ќе оди понатаму. Но, се уште е рано да се зборува за тоа – вели Исјановски за „Слободен печат“.

Инаку од почетокот на оваа учебна година наставата се реализира со физичко присуство само за учениците од прво до трето одделение, како и за погорните одделенија во општини и училишта каде епидемиолошката состојба го дозволува тоа, додека сите други следат настава на далечина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот