За набавка на тестови и 16 ковид-центри ќе се трошат парите од заемот од Светска банка

Македонија го добива т.н. брз заем за зајакнување на здравствените системи од Светската банка, изјави министерот за здравство Венко Филипче. 

Согласно националната политика средствата ќе се искористат за 16 нови Ковид одделенија и нивно опремување со маедицински материјали, како мобилни рентген и ехо апарати, како и со соодветен број на тестови, кои се очекува да бидат доволни за сите пациенти коишто би се хоспитализирале и лекувале во ковид центрите.

Вкупната сума е 34 милиони долари, а оваа година ќе имаме на располагање десет, кои не очекувам целосно да се потрошат. За следната година е предвидено да се опремуваат постојни болници, каде има услови за интензивна нега, како што се болниците во Тетово, Охрид и Струмица. Таму има капацитети кои може да се користат за лекување на пациенти со ковид, особено оние на кои ќе им биде потребна респираторна машина. Потоа, ќе се набавуваат лекови согласно студијата на СЗО, како што е ремдесивирот, а ќе се набават и соодветен број тестови на ниво на целата државата, истакна министерот Филипче.

Тој додаде дека дел од средствата ќе бидат распределени за ФЗОМ и Министерството за труд и социјална политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот