За Манчестер Јунајтед пристигнале две рекордни понуди

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Maнчестер Јунајтед наскоро би можел да добие нови сопственици. Навивачите подолго време се незадоволни од работата на семејството Глејзер кои се на чело на клубот од 2005 година.

На ерата на Глејзери наскоро треба да дојде крајот. Американците одлучија да го продадат клубот, а од тоа ќе направат голем профит. Имено, тие поголем дел од акциите на клубот ги купија за 790 милиони евра, а сега би можеле да го срушат рекордт за продажба на некој спортски клуб..

Во последниот круг за трката за купување на Јунајтед влегоа групацијата арапски милијардери со седиште во Катар и Џим Ретклиф, британскиот милијардер кој е сопственик и на францускиот прволигаш Ница. Двата конкуренти испратија, нови подобри понуди во износ од пет милијарди фунти.

Ако се оди онака како што се најавува продажбата би се направила за околу 500 милиони фунти со што ќе се надмине рекордот на Денвер Бронкос од американскиот НФЛ. За водењето на процесот задолжена е американска банка, понудите пристигнале на неколку минути пред истекот на рокот (среда во 21:00 часот).

Без разлика кој ќе биде нов сопственик на Манчестер Јунајтед, се очекуваат значајни вложувања во сите сектори, па клубот веројатно ќе биде активен во летниот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот