За мај не зеле плата 27.167 работници во 16.645 фирми

Фото: илустрација / „Слободен печат“ - Драган Митрески

Мајската плата сѐ уште ја чекаат 27.167 работници во 16.645 фирми. Овие бројки произлегоа од изјавата на директората на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, која изрази жалење што мора да соопштува големи бројки во однос на работниците кои не зеле плата.

– За мај се прифатени, а не платени МПИН пресметки од 6.250 работодавачи за 16.722 работници. Исто така, за мај има неподнесени 5.211 МПИН пресметки за 10.935 работници – рече Лукаревска.

Таа објасни дека за поднесување на МПИН пресметки за плата има законски рок, кој, доколку не се испочитува, следи опомена од УЈП, во која исто така е даден рок, по кој УЈП ја блокира сметката.

– Го информираме и Државниот инспекторат за труд за навремени, координирани контроли и вече ја доставивме кллистат со овие компании, а имаме доставено и решение за неподнесена МПИН пресметка . Тие можности се во наша надлежност – рече Лукаревска.

Таа информира дека според податоците за парил пак, има прифатени и неплатени МПИН пресметки од 2.402 работодавачи за 5.385 работници, додека 4.721 работодавач, воопшто не поднел пресмета за плата за 7.098 работници.

– Дел од работодавачите се повторуваат во различни месеци, но тоа не занчи дека тоа го прават намерно, можно е да немаат ликвидност за да исплатуваат плати – појасни Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот