За Лукашенко Макрон е незрел политичар

Александар Лукашенко
Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ASTAFYEV

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, оцени дека неговиот француски колега, Емануел Макрон, е незрел политичар.

Макрон изјави дека е јасно дека претседателот на Белорусија треба да поднесе оставка и да замине од власт поради демонстрациите што се одржуваат во Белорусија по објавувањето на резултатите од изборите минатиот месец.

„Според логиката на Макрон, тој требаше да даде оставка пред две години кога жолтите елеци излегоа на улиците во Париз. Годините минуваат, демонстрациите продолжуваат, а тој е сè уште претседател”, се вели во соопштението од кабинетот на Лукашенко.

Тој, исто така, рече дека Макрон треба повеќе да се занимава со внатрешните работи на Франција.

– Како искусен политичар, го советувам незрелиот Макрон да гледа помалку наоколу и повеќе да се справува со ситуацијата во Франција. Би било подобро за него да започне да ги решава проблемите во Франција, рече Лукашенко. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот