За Ливерпул се бара билет повеќе: „Енфилд“ ќе се проширува

Европскиот шампион Ливерпул планира да го зголеми капацитетот на „Енфилд“ поради зголемиот интерес за домашните натпревари.

Клубот поделил повеќе од 5.000 летоци за да го повика локалното население и дел од бизнисмените на јавни средби на кои ќе се зборува за зголемување на капацитетот на стадионот.

Управата на Ливерпул смета дека побарувачката на билети за домашните натпревари на тимот на Јирген Клоп го надминува капицитетот на „Енфилд“ кој изнесува 54.000 седишта, посебно по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Челниците сметаат Ливерпул мора да го зголеми капацитетот откако тоа го сторија нивните најголеми ривали со изградба на нови стадиони (Тотенхем и Арсенал), или со реновирање се зголеми капацитетот (Манчестер сити и Јунајтед).

Ливерпул пред три години го реновираше „Енфилд“ и го зголеми капацитетот за 9.000 седишта, а изградбата го чинеше клубот 130 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот