За лице без брчки

Со одреден вид на гимнастика на мускулите на лицето може многу да се постигне во борбата против брчките. Ова е истовремено делотворен начин на опуштање и пронаоѓање на внатрешниот мир, порачуваат експертите.

Против брчките, немилите покажувачи на животниот век, кремите и хируршките интервенции не се единственото решение. Со одредени видови на гимнастика на мускулите на лицето исто така може многу да се постигне. Ова е истовремено делотворен начин на релаксирање и пронаоѓање на внатрешен мир, порачуваат експертите.

За вежбите да бидат поделотворни треба секојдневно да ги правите наутро и навечер, во траење од по пет минути.

– Против брчки меѓу веѓите стиснете ги веѓите 6 секунди како да се муртите, а после паузата од 10 секунди повторете ја вежбата.

– Развлечете ги усните со палците во насмевка на кловн, а со показалците истовремено притиснете ги надворешните делови од очите за да не се појавуваат нови брчки. Вежбата трае 6 секунди, па се прави 10 секунди пауза.

– Против појава на подбрадок правете вежби со јазикот, односно наизменично плазете се и повлекувајте го јазикот.

– За добра циркулација длабоко вдишете воздух и надувајте ги образите, па издишете го воздухот неколку пати преместувајќи го од една на друга страна на образите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот