За летните горештини: Разладете се со овошно смути

смути
Фото: Pexels

Смутито тешко може да ви здодее, особено што е прилагодливо на сезоната и на производите што ги имате. Летно време особено, кога ви се достапни лубеници, бобинки и поголем распон на тропско овошје. Затоа ви предлагаме три вида сезонско смути што ќе ве разлади и освежи. Состојките се за еден пијалак.

сок од лубеница

Од лубеница

Измерете 150 г лубеница исчистена од кора и семки, па ставете ја во блендер заедно со 1 банана исечкана на кругчиња и додајте 100 милилитри ладен сок од јаболко. Блендирајте додека добиете воедначена смеса и послужете веднаш.

Unsplash

Од цреши

Во блендер ставете 150 грама цреши исчистени од семки, заедно со 1 банана исечена на кругови и 75 милилитри ладен јогурт. По желба додадете малку екстракт од ванила. Ако сакате да го засладите смутито, додајте малку мед. Изблендирајте да ја добиете саканата конзистенција и послужете со малку лед.

смути

Тропско смути

Едно киви, половина манго и 1 банана излупете ги, исечете ги на помали парчиња, па ставете ги во блендер со 250 милилитри ладен сок од ананас. Блендирајте додека добиете хомогена смеса и послужете го со неколку коцки мраз.

Видео на денот