За Кремљ изјавата на Трамп е реална- Голем дел од Украина сака да биде дел од Русија, се наведува во реакцијата

Портпаролот на Кремљ рече дека значителен дел од Украина сака да биде руска и дека тоа одговара на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходниот ден рече дека Украина еден ден може да стане Руска.

„Фактот дека значителен дел од Украина сака да стане дел од Русија  и веќе стана Руска, е реалност“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочувајќи  на анексиите на украинските територии во есента 2022 година.

Русија  ги анектираше регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје откако организираше референдуми во тие конфликтни зони. Во 2014 година го анектираше и полуостровот Крим.

дмитри песков
Дмитри Песков, портпарол на Кремљ / Фото: Слободен печат, архива

„ И покрај бројните опасности луѓето  чекаа во ред и гласаа на  референдумот за приклучување кон Русија – ова во голема мера одговара на зборовите на Доналд Трамп“, изјави  Песков.

 

Вчера американскиот претседател ја спомена можноста Украина „еден ден да стане руска“ и побара компензација за помошта што САД му ја дадоа на Киев, што, според агенцијата Франс прес, дополнително ги направи нејасни   работите во врска со позицијата на новата американска администрација за конфликтот.

„Можеби ќе постигнат договор, можеби нема да постигнат договор. „Можеби еден ден ќе бидат дел од Русија , а можеби и нема да бидат во Русија “, рече Трамп во интервју за американската телевизија Фокс њуз.

Трамп потпишува извршни наредби / Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

„Ќе ги имаме сите тие пари таму и велам дека сакам да ни  ги  вратат . „Само што им кажав дека сакам еквивалент на 500 милијарди долари компензирани во ретки  минерали кои ги поседува Украина“, рече Трамп, додавајќи дека Украинците во основа се согласиле со тоа.

Изјавите на Трамп доаѓаат во време кога се интензивираат контактите на високо ниво меѓу Вашингтон и Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петок ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција.

На годишната конференција ќе бидат и американскиот специјален пратеник Кит Келог, кој треба да замине во Киев на 20 февруари, како и американскиот државен секретар Марко Рубио.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот