
„За крај на конфликтот треба само едно нешто да се направи“: Трамп откри рецепт за завршување на крвопролевањето во Украина
Претседателот на САД Доналд Трамп се обрати на Светскиот економски форум во Давос преку видео врска, одржувајќи го својот прв голем говор пред глобалните бизнис и политички лидери.
Препорачано
Трамп открил предлог кој би можел да стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.
Тој го повика ОПЕК да ги намали цените на нафтата, велејќи дека тоа ќе стави крај на војната на Русија во Украина.
“Војната ќе заврши веднаш”
Трамп се свртел кон меѓународните цени на нафтата, поврзувајќи ги директно со руската инвазија на Украина.
Трамп изјавил дека ќе побара од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата, истакнувајќи дека бил изненаден што не го сториле тоа пред изборите.
– Не покажаa многу љубов, тие не го направија тоа. Бев малку изненаден од тоа. Ако цената падне, војната меѓу Русија и Украина ќе заврши веднаш”, рече тој.
Во моментов, цената е доволно висока за да се продолжи војната. Мора да се намали цената на нафтата. “Можеме да ставиме крај на војната”, додаде тој.
Трамп исто така ги пофалил извештаите дека Саудиска Арабија ќе инвестира 600 милијарди долари во САД. Тој рече дека ќе побара од кралството да го заокружи сето ова на 1 трилион долари.