За „корона-трагачот“ – Политиката за приватност мора да биде јасна

Фото: Профимедиа

Министерот Манчевски уверува дека апликацијата нема да ги следи граѓани, ниту ќе ги користи нивните лични податоци.

Колку апликацијата „корона – трагач“ која ќе функционира врз основа на блутут технологија со која ќе се детектираат заболените граѓани од Ковид 19, ја гарантира безбесноста на личните податоци?

Намерата е чесна бидејќи апликацијата ќе служи за да им помогне на здравствените власти, најмногу на епидемиолозите што побрзо да стигнат до болните од оваа зараза. Но, што доколку нечесните стигнат до личните податоци на одредени граѓани. За одговор на ова прашање, од Агенцијата за заштита на личните податоци, не беа достапни.

На телефонските броеви оставени на нивната веб страница, никој не одговара. Според министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски кој вчера ја помовираше апликацијата за следење на граѓните кои имале контакт со заболено лице од коронавирусот, безбедноста на личните податоци на граѓаните кои сами ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони е загаранитирана.

-Нашиот мобилен уреден ќе ги регистрира и ќе ги зачува овие апликациски броеви на телефоните коишто биле поблиску во радиус од два или три метри од нас. И овие податоци ќе се чуваат само на нашиот мобилен телефон. Ќе ги нема на друго место. Никој ќе нема пристап до овие информации, рече Манчевски.

Сепак од невладината Метаморфозис, за „Слободен печат“ велат дека за целосна безбедност на личните податоци ќе може да се дискутира откако ќе биде обелоденета „Политиката за приватност“ која мора да биде достапна пред кој било од нас да ја преземе апликацијата.

Оттаму велат, дека согласно презентираните информации во јавноста, основниот услов за користење на податоците собрани преку оваа апликација е истата да биде преземена од граѓаните.

Со тоа според аналитичарот од обалста на заштита на личните податоци Елена Стојановска, обезбедено е начелото на согласност на субјектот на личните податоци.

-„Политиката за приватност“ мора да биде јасна, недвосмислена и да ги обезбеди сите информации најдетално можно, односно да одговори на прашањата кој ги собира податоците, кој има пристап до нив, во под кои услови истите ќе се обработуваат. Дополнително, Агенцијата за заштита на личните податоци, Оперативно техничката Агенција, Министерството за внатрешни работи но и операторите мора да имаат целосен и постојан надзор и контрола над функционирањето на оваа апликација и веднаш да реагираат доколку забележат некакви пропусти. Иако оваа апликација е дефинирана како мерка за справување со кризна состојба, мора да постојат и јасно дефинирани правила на кој начин ќе се менаџира со собраните податоци откако кризата ќе заврши, вели Стојановска.

Таа додава дека е очигледно оти се размислувало за обемот на податоци кои ќе се обработуваат, односно, првична идентификација со автоматски генериран број кој нема никаква поврзаност со идентитетот на лицето.

Точно е дефиниран и условот за тоа кога идентитетот на лицето да ќе биде откриен (ако лицето развие симптоми и има тест позитивен на COVID-19) и уште поважно кому ќе му биде откриен (на здравствените работници).

Рокот од чување на податоците од 14 дена е разумен рок со оглед на тоа дека тоа е временскиот период во кој се јавуваат симптомите на заразата

– Единствено што во овој момент не е јасно е кој е контролорот, односно кој е првиот одговорен за податоците собрани преку оваа апликација, бидејќи од изјавата на МИОА може да се заклучи дека министерството ја развива но не и во чија сопственост апликацијата ќе биде- вели Стојановска.

Апликацијата ќе биде достапна за „Андроид“ и „АјОс“ корисниците, а по инсталцијата ќе треба постојано да ви биде вклучен „блутутот“ на телефонот за да ги имате реалните инфомации. Минисгерот Манчевски вчера рече дека доколу апликацијата не ја симнат доволно голем број на граѓани, нема да има ефект. Затоа тој потенцираше дека секој од нас мора да покаже минимум волја да сака да помогне.

– Едноставно симнување на една апликација по сопствена волја. Кога нашите мобилни телефони ќе дојдат во близина во радиус од најверојатно три метри, тоа е тоа што го бараат или два, ова се детали кои ќе ги решиме, нашиот мобилен уреден ќе ги регистрира и ќе ги зачува овие апликациски броеви на телефоните коишто биле поблиску во радиус два или три метри од нас, рече Манчевски.

Ако има некој кој е заболен на Ковид – 19, тогаш преку апликацијата ќе добие порака од Министерството за здравство за да ги даде податоците во здравство, за да бидат контактирани оние лица со кои новозаразениот се разминал или комуницирал.

Министерот Манчевски уверува дека апликацијата нема да ги следи граѓани, ниту ќе ги користи нивните лични податоци. Тој апелира постојано да се полни батериите на телефоните, бидејќи ако се исклучи апаратот, нема да бидат веродостојни податоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот