За концертна турнеја „Eras“, Тејлор Свифт продаде рекордни 2,4 милиони влезници во еден ден

Поминаа пет години од последната концертна турнеја на најголемата поп-ѕвезда во моментов, американската пејачка Тејлор Свифт. Во меѓувреме, таа издаде четири музички албуми и освои голем број музички награди, меѓу кои и најважната – Греми.

Со оглед на тоа што Свифт немаше настапи во живо поради пандемијата на коронавирусот, нејзините обожаватели со големо нетрпение го дочекаа нејзиниот прв концерт во склоп на нејзината американска турнеја со назив „Епохи“ („Eras“).

Турнејата започна на 17 март, со концерт во Глендејл, Аризона, на кој пејачката изведе 44 песни од нејзините досегашни студиски албуми. На стадионот „Стејт фарм“, каде што се одржа концертот, се собраа 80.000 обожаватели на музиката на Свифт.

Доказ за тоа дека интересот за концертите на Тејлор Свифт е голем е и тоа дека пејачката успеа да го собори рекордот за најголем број продадени влезници за концерт во еден ден. Имено, таа успеа да продаде рекордни 2,4 милиони влезници во еден ден за нејзината актуелна турнеја.
Нема мир за Тејлор Свифт: Човекот кој ја демнеше пејачката заврши на суд
ВИДЕО | Тејлор Свифт објави нов албум: Ова беше патување низ ужаси и слатки сонови