За казни возачите во БиХ должат 35 милиони евра

Полиција на Босна и Херцеговина / Фото: Профимедиа

Речиси сите најтешки несреќи се случиле во јуни, јули и август.

Неплатените сообраќајни казни во Босна и Херцеговина достигнуваат цифра од речиси 35 милиони евра, или 70 милиони конвертибилни марки. Податоците на Агенцијата за идентификациски документи покажуваат дека возачите од Федерацијата се во двојно поголеми долгови. Односно тие должат 43 милиони, додека во Република Српска должат 22 милиони конвертибилни марки.

-Најчестите казни се за недозволена брзна, возење без сигурносен појас и казни за непрописно паркирање на возилата, изјави Амел Сијечиќ, портпарол во Агенцијата.

Иако тешките сообраќајни несреќи минатата година често ја полнеа црната хроника во БиХ, се забележува пад на смртноста. Летните месеци и натаму се најкритични. Речиси сите најтешки несреќи се случиле во јуни, јули и август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот