За извоз на храна во ЕУ се регистрирани уште 13 домашни компании

фото: МИА

Одобренијата за извоз им се издадени во периодот од јуни 2017 до крајот на декември 2019.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов денеска на средба со новинарите информира дека уште 13 оператори со храна од земјава се регистрирани за извоз во ЕУ.

Одобренијата за извоз им се издадени во периодот од јуни 2017 до крајот на декември 2019.

– Станува збор за компании кои извезуваат главно храна од животинско потекло, јајца, млечни, месни и производи од риба, рече Атанасов.

Според него, АХВ го изврши прилагодувањето на законодавството со европското во најголем дел преку задоволување на хигиенските стандарди, вклучително и за традиционалните производи.

– Унапредени се условите на фармите и благосостојбата на животните, модернизирани се производните објекти за храна од животинско потекло, подобрен е квалитетот на суровото млеко, зголемена е контролата на пестицидите, а сигурен, веродостоен е и системот на националните лаборатории. На овој начин храната произведена во Република Северна Македонија ги гарантира високите стандарди не само за своите, туку и за потрошувачите на ЕУ, подвлече Атанасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот