За излез на „Богородица” и за влез на „Табановце” се чека до половина час

На граничниот премин „Богородица”  е зголемена фреквенцијата на возила и за излез од државата попладнево се чека од 15 до 30 минути. На ГП „Табановце” за влез во државата се чека околу 30 минути, соопшти Автомотосозјуот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ информира и дека патниот правец село Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите категории возила и се одвива по алтернативни патишта. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница – Бигла – Делчево, а за тешки товарни возила преку Виница – село Смојмирово – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот