ЗА ИСТОРИЈА: Најбизарниот жолт картон во кариерата на Рамос! (ВИДЕО)

twitter.com/unibet

Кога се зборува околу картоните, веднаш се мисли на рекордите кои Рамос ги поставил, најмногу пати е исклучен во историјата на шпанскиот фудбал, добил скоро 300 картони во кариерата.

Скоро на секој втор меч завршува во бележникот на судијата, иако кога игра за шпанската репрезентација добива многу помалку картони, во однос како играч на Реал Мадрид не е исклучен во дресот на „фуријата“.

Вчера на евро квалификацискиот дуел помеѓу Романија и Шпанија (1:2) го доби најчудниот жолт картон во кариерата. После неговиот гол за водство од 0:1, отиде до една камера и прослави со „стави наочари“, а судијата Денис Ајтекин тоа го сфати како провокација кон публиката.

Но, славјето беше наменето за внукот на Рамос. Па, тој му објаснуваше на судијата, но Ајтекин не ја промени одлуката.

– Дојде до недоразбирање. Тоа беше радост за мојот внук. За сите да разберат, значи двајцата носите наочари, и тоа го направив за да биде среќен мојот внук, тоа беше гол за него. А главниот судија веднаш помисли дека ги провоцирам навивачите, но јас не го направив тоа – беа зборовите на Рамос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот