За инспирација и за одважност: Ова е најубавата боја за коса на сезоната, и Клеопатра ја обожавала (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоУбавина

За инспирација и за одважност: Ова е најубавата боја за коса на сезоната, и Клеопатра ја обожавала (ФОТО)

Со виолетовата боја се поврзуваат мудроста, достоинството, независноста, креативноста, таинственоста...

Кога ќе се одлучите за промена на бојата на косата, тоа што може да ви зададе маки е токму вистинската нијанса. Сигурно дека изборот ќе го направите сами или со помош на фризерите, но треба да знаете и која е најубавата боја сезонава.

Оваа боја оди одлично со скоро сите фризури, а дури и Клеопатра ја обожавала.

За да добие една унца виолетова боја, нејзините робови потопувале во вода 20.000 „пурпура“ полжави цели десет дена.

Леонардо да Винчи верувал во нејзината посебност. Сметал дека многу влијае на моќта за медитацијата и дека го подобрува квалитет на медитацијата ако се реализира под виолетово светло.

Виолетовата боја симболизира моќ, изобилие и амбиции. Со виолетовата се поврзуваат мудроста, достоинството, независноста, креативноста, таинственоста…

Според теоријата за бои, виолетовата во детска соба помага во развивање на фантазијата. Ричард Вагнер ги компонирал своите опери во соба обоена со виолетова боја, тоа била негова боја за инспирација.

View this post on Instagram

if looks could kill baby

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close