За Халанд постојат само четири опции по Борусија, тие се Баерн, Реал, Барселона и Сити

Ерлинг Халанд ќе ги брани боите на „граѓаните“/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Агентот на Ерлинг Халанд, Мино Рајола, изјави дека Норвежанецот идното лето може да се пресели во Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона или Манчестер сити.

Во договорот на Халанд со Борусија Дортмунд постои клаузула според која одличниот напаѓач во летото 2022 година може да си замине за 75 милиони евра, сума која не е проблем да ја платат фудбалските гиганти.

– Можеби Ерлинг ќе си замине идното лето или тоа ќе биде во 2023 година. Сепак, поголеми се шансите тоа да се случи по завршување на оваа сезона. Ќе видиме. Баерн, Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити кои може да ги засили ерлинг. Сити освои пет титули во Премиер лигата во последните години, што е многу повеќе од Јунатед. Кога Ерлинг потпиша за Борусија, знаевме дека ова ќе се случи. На управата на Борусија ќе и ја презентираме нашата идеја, а тие ќе ни кажат што планираат. Но, мислам дека одлуката нема да биде донесена оваа зима – вели Рајола.


Контроверзниот агент истакна дека им се воодушевува на челниците на Борусија Дортмунд кои со сите сили се обидуваат да го задржат Халанд на „Сигнал Идуна Парк“.
– Ќе се воодушевите кога ќе ја видите страста на луѓето во Дортмунд. Сите играчи го сакаат тоа и Халанд не е усклучок. Но мислам дека ќе беше подобро доколку ова лето го продадоа Халанд. Но, тие ни рекоа дека од фудбалски причини не сакаа да го направат тоа и заслужуваат респект поради тоа – додава Рајола.

Видео на денот