За Грците натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Олимпијакос е наместен

twitter/fkcrvenazvezda

Грчката “Газета“ објави текст во кој се наведува дека Црвена звезда го совлада Олимпијакос во второто коло од ЛШ благодарение на францускиот судија Беон Бастиен кој според нив престрого му покажал црвен картон на Јасин Бензиа во 58. минута, а потоа им помогнал на домаќините со тоа што не го исклучил Марко Марин.

Според „Газета“, постои конекција помеѓу Србите и Французите кои си помагаат едни на други во европскиот фудбал и вчерашниот резултат е наместен. „Газета“ исто така даде неколку примери со кои се обидува да ја докаже поврзаноста помеѓу Србите и Французите.

Српскиот судија Милорад Мажиќ досудил непостоечки пенал за Франција против Германија и тоа во 84. минута, со кој „триколорите“ го освоија првото место во Лигата на нациите.
Потоа Французите им „вратиле“ за услугата на Србите и тоа на средбата помеѓу Партизан и Молде, кога судијата Руки Буке им помогнал на „црно-белите“ да триумфираат во плејофот за Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот