За Ѓоковиќ притисокот е привилегија

EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е свесен за притисокот кој му се наметнува со можноста да го освои „златниот слем“, но во исто време истакнува дека научил да се носи со тоа и дека не влијае на неговите игри.

Ѓоковиќ утре наутро ќе игра во четвртфиналето на тенискиот турнир на ОИ во Токио со што ја продолжува битката за освојување на „златниот слем“. Доколку победи на Игрите во Токио, а потоа слави и на УС Опен, Новак Ѓоковиќ ќе стане првиот тенисер во историјата кој победил на сите четири грен слем турнири и на ОИ во една година. Кај дамите тоа единствено и успеало на Германката Штефи Граф.

Притисокот е привилегија. Без притисок нема професионален спорт. Доколку сакаш да биде на врвот, мора да научиш да се носиш со него и со сите очекувања на теренот и надвор од него. Нормално дека сум свесен за тоа, не можам да не слушнам и да не видам, но научив како да го поднесам тоа. Создадов механизам кој ми помага такви работи да не ми претставуваат преголем товар. Имам доволно искуство да знам како да излезам на теренот и да го одиграм својот најдобар тенис –порача Ѓоковиќ по прашањето за тоа како се носи со големите очекувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот