За Еурофарм Пелистер нема подобра мотивација од Веселин Вујовиќ - Слободен печат

За Еурофарм Пелистер нема подобра мотивација од Веселин Вујовиќ

Екипата на Еурофарм Пелистер утревечер (17.15 ч.) со дуелот против екипата на Загреб ППД во рамките на СЕХА лигата ги завршува настапите во 2019 година пред своите гледачи, додека на гости ги очекуваат уште два натпревари во СЕХА лигата.

Битолчани викендов триумфално ги завршија настапите во Лигата на шампионите со победата над Бидасоа, а сега се надеваат дека на своите навивачи ќе им овозможат нова радост, овој пат во СЕХА лигата.

– Сите знаеме кој ривал ни доаѓа. Доаѓа млада и мотивирана екипа, предводена од легендата Веселин Вујовиќ. Тој е човек кој ги мотивира младите ракометари, играат агресивно и многу добро. Сигурен сум дека ќе одиграме изедначен и докрај неизвесен натпревар. Ги повикувам сите симпатизери, да дојдат да нè бодрат, бидејќи овие момци заслужуваат поддршка – изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Божидар Мојсов.

Прочитајте и...  Македонката Јана Атанасовска триумфира на трка во слалом во Чешка

Еурофарм во СЕХА лигата досега одигра седум натпревари и има скор од три победи и четири порази со кои се наоѓа на четвртото место на табелата во групата Б.

– Не очекува тежок, сите знаеме каков противник е ППД Загреб. Наше е да направиме публиката да ужива и да ја испратиме годината со позитивен резултат. Се надевам дека ќе добиеме адекватна поддршка за да ја оствариме целта – вели голманот Градимир Чаневски.

Прочитај повеќе

ОФИЦИЈАЛНО: Покрај Брајант и Џиџи загинаа уште седум лица во хеликоптерската несреќа

Слободен печат

Леброн во солзи поради Коби (ВИДЕО)

Слободен печат

Шекил шокиран од смртта на Брајант

Слободен печат

Кошаркарите не играа 24 секунди во чест на Брајант (ВИДЕО)

Слободен печат

Фановите се собираат пред „Стејплс“ центарот, никој не верува што се случи

Слободен печат

Црната Мамба замина во легендите: Кој беше Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари во историјата

Зоран Спасоски

Остави Коментар

18 − 6 =

Прочитај повеќе

Покрај Брајант, меѓу загинатите е и неговата ќерка Џиџи

Слободен печат

Ѓоковиќ и Брајант беа големи пријатели, му помогна на тенисерот кога му беше најтешко

Слободен печат

Видео од местото на несреќата каде Коби Брајант го загуби животот

Слободен печат

Светот се простува од Брајант со емотивни пораки

Слободен печат

ШОК ВО САД: Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант

Слободен печат

Фудбалерите ќе имаат огромна поддршка против Косово: Се обединија сите македонски навивачки групи

Слободен печат