За експертите модна катастрофа, а за Кание модна икона! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Ким Кардашијан и Кание Вест можеби изгледаат како родени модни иноватори во светот на модата, но патот до таму беше долг. Парот се појави на WSJ Magazine 2019 Innovator Awards во музејот на модерна уметност во Њујорк, за да го подржат својот долгогодишен пријател и соработник Рикардо Тици.

Рикардо е главен креативен директор на Барбери и добитник на наградата за Моден иноватор, која Ким и Кание му ја доделија.

„Рикардо е првиот човек од модата кои успеа да ме стави на насловна на модно списание“, кажа Ким во својот говор.

Но, имаше многумина кои го коментираа стилот на Ким и изјавија дека ги потсетува на старата таа која „не знаеше“ ништо за модата пред да го запознае Кание кој инаку и самиот тој дизајнира, покрај тоа што е пејач.

Instagram

За некого модна катастрофа, а за некого моден погодок. Оваа модна комбинација на Ким го доби надимакот Jeanius, а и самите најверојатно веќе заклучивте зошто.

Кое е вашето мислење за оваа комбинација на Ким?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот