За едно деноноќие во Германија регистрирани се 6000 новозаразени со коронавирус

Фото: Архива

Бројот на заразени со новиот коронавирусот во Германија изнесува 42.228 лица, што е за 5.780 повеќе од вчера. Од Вирусот досега починаа 253 лица, соопшти Институтот „Роберт Кох”.

Горниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот го одобри владиниот пакет мерки за ублажување на економските последици од пандемијата на коронавирусот, во вкупен износ од 750 милијарди евра. Со тоа е завршена забрзаната собраниска процедура за усвојување пакетот мерки. Бундестагот го одобри пакетот од германската Влада во средата.

Сеопфатните мерки вклучуваат кредитни гаранции за помош на економијата, директна финансиска помош за малите и средните претпријатија и помош за здравствениот систем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот