За едно деноноќие 938 лица починаа од коронавирусот во Велика Британија

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Велика Британија за едно деноноќие забележа рекордни 938 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на починати во земјата надмина 7.000 лица.

– Досега смртните случаи во земјата изнесуваат 7.097, напиша на Твитер британското Министерство за здравство.

Истовремено, здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон се „подобрува”, но тој останува на интензивно лекување, истакна министерот за финансии Риши Сунак.

Претходно портпарол на Џонсон изјави дека британскиот премиер „добро реагира на лекувањето и се наоѓа во стабилна состојба”, откако помина трета ноќ во лондонската болница „Сент Томас”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот