За едни дискриминација, за други потреба: Ковид-пасошите ја поделија ЕУ

Ковид-пасош
Ковид-пасош / Фото: mia.mk

Европските лидери утре ќе одржат состанок на кој ќе се договорат за сертификат за граѓаните на Европската Унија (ЕУ) кои биле вакцинирани против ковид-19, но извесно е дека членките на ЕУ не се согласуваат по ова прашање.

Сега кога вакцинацијата се зголеми низ цела Европа, некои европски влади, како што се Грција и Шпанија, бараат брзо усвојување на ЕУ-сертификат за оние кои се вакцинирале за да можат слободно да патуваат, јави „Гардијан“.

Сепак, како што се наведува, некои земји, како Франција и Германија, се против таа идеја, бидејќи одлуката за сертификатот ќе ја направи вакцинацијата задолжителна и би значела дискриминација на луѓе на кои од одредени причини не им е дозволено или не сакаат се вакцинираат.

Франција, каде има силно движење против вакцинација, вети дека нема да ги принудува своите граѓани да се вакцинираат и смета дека идејата за пасоши за вакцинација е прерана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот