За една недела санкционирани 190 непрописно паркирани возила во Центар

Вкупно 190 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот се санкционирани во текот на изминатата недела на територијата на Општина Центар.

– Во периодот од 31.08. до 06.09.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Прочитајте и...  Костадинов објави дека обезбедиле возило за струмичката болница, ќе пристигне во декември!

Поврзани вести

Катанци се редат: Уште една земја воведува карантин

Слободен печат

Владејачката партија Грузиски сон води на денешните изборите

Слободен печат

Вучиќ пристигна во Црна Гора за погребот на владиката Амфилохие

Слободен печат

ВИДЕО: Фатен еден осомничен за нападот во Лион, каде беше ранет грчки свештеник

Слободен печат

Милер: Доколу победи Трамп ќе се заострат правилата за влез на имигранти во САД

Слободен печат

Се бараат донации на Фејсбук, а возниот парк на Заеви чини колку 10 амбулатни возила, бесни од опозицијата

Слободен печат

Остави Коментар