13 C
Скопје

За една недела санкционирани 174 непрописно паркирани возила во Општина Центар

 ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирала 174 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 22.02. до 28.02.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 90 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани се 84 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, стои во соопштението од јавното претпријатие.

Испраќаат апел до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Поврзани вести

ВИДЕО I Силна бура во Хрватска: Илјадници громови удрија во Истра

Слободен печат

Филипините ги враќаат подарените 1000 дози кинески вакцини: Немале одобрение

Слободен печат

Војниците на Беливук откажуваат послушност: Почнаа да откриваат сè за злосторствата на кланот

Слободен печат

Трагедија заради селфи? 20 годишно момче од Војводина се качи на вагон, го убија 25.000 волти

Слободен печат

Русковска: Во „27 април“ нема обвинети, ниту се одговара за дело тероризам

Слободен печат

Лукашенко: Белорусија разви своја „жива“ вакцина против коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар