За една година во Австрија утврдени 137 мутации на коронавирусот

Profimedia
Ковид-19/ Фото Handout / AFP / Profimedia

Од 3 април минатата година до 20 април годинава, во Австрија се идентификувани најмалку 137 различни варијанти на коронавирусот, соопшти Агенцијата за здравје и безбедност на храна (АГЕС).

Најчестата мутација, сепак, била британската.

Од сите секвенцирани варијанти, британската мутација (Б. 1.1.7) е идентификувана во 28,1 процент од случаите.

Во 9,1 процент од случаите, идентификувана е мутацијата Б. 1.160, вид кој е распространет низ цела Европа, но и во Австралија.

Патем, овој вид е доминантен во австриската провинција Бургенланд, а покрај британскиот, идентификуван е и во сите девет покраини.

Во 6,2 проценти од случаите е утврдена јужноафриканската мутација Б. 1.351, која е доминантна пред сè во покраината Тирол.

Покрај Тирол, јужноафриканскиот вид е идентификуван уште само во Виена, Горна Австрија и Корушка.

Според АГЕС, бразилската мутација П. 1 е потврдена и во Австрија, но само во пет случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот