За еден месец откриени 11 возила кои вршеле јавен превоз без лиценци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Со последните контроли на возилата кои вршат јавен превоз во гостиварскиот регион откриени се 11 возила за кои сопствениците немале соодветни лиценци. Ним, СВР Тетово ќе им поднесе кривични пријави и се соочуваат со високи парични казни.

Од крајот на минатиот месец полицијата ги засили контролни активности во јавниот превоз на патници, со кои се опфатени меѓуградски и локални автобуси, комбиња и патнички такси возила. Во изминатите триесетина денови на гостиварското подрачје откриени и законски санкционирани се вкупно 11, за кои е утврдено дека вршеле јавен превоз без потребните лиценци.

– Во содејство со Отсекот за економски криминал, на сите им се изготвени соодветни кривични пријави според член 284 А од Кривичниот законик и ќе се соочат со предвидените парични и други санкции. Какви ќе бидат тоа зависи од околностите под кои е сторено делото и крајните последици, вели потпаролот на СВ Тетово Марјан Јосифоски.

Покрај ова, од средината на минатата недела се контролира и спроведување на владината одлука за 50-процентно користење на капацитетите во јавниот превоз. Три автобуски превозници што делуваат на гостиварското подрачје не ја почитувале оваа одлука. Ним, изготвени им се кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Јосифоски потенцира дека од денеска ваквите активности значително ќе се засилат и ќе следат соодветни поднесоци, секаде каде ќе бидат констатирани прекршувања на споменатата владина одлука.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот