За еден ден уапсени петмина дилери

Петмина мажи од Скопје, на различна возраст се уапсени вчера од скопската полиција под сомнение дека незаконски поседувале наркотици. Првата група составена од четири лица е уапсена на булеварот „Гоце Делчев“. Станува збор за Е.Ж.(41), С.Р.(28), С.И.(41) и А.Ќ.(28). При личен претрес полицајците кај нив пронашле марихуана.

Во Гази Баба пак е уапсен Ј.А.(48) кај кого бил пронајден хероин. Против петмината МВР денеска најави дека ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот