За еден ден прегазени четворица – пешаците се најчести жртви во сообраќајните несреќи

МВР соопшти дека вчера во 11.40 часот е пријавено дека во Струга на улицата „Партизанска“ возило „мерцедес“ управувано од Н.Б.Б.(55) од струшкото село Лабуништа удрило во М.Ч.(54) и С.З.Ч.(53) двајцата од Струга.

Во несреќата со тешки повреди се здобил М.Ч., а со телесни повреди се здобила С.З.Ч., констатирани во Медицинскиот центар во Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

МВР регистрираше повредени пешаци во Тетово и Скопје.

Во 18.45 часот било пријавено дека во Тетово на бул. „Видое Смилески-Бато“ патничко моторно возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ќ.Д.(70) од Тетово удрило во Х.А.(52) од с.Порој-тетовско.

Во несреќата Х.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Два часа подоцна било пријавено дека во Скопје на ул. „Ацо Шопов“ патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(23) од Скопје, удрило во Ц.Д.(50) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ц.Д., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот