За еден ден казнети 278 возачи во Скопје

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 278 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30 санкции, 16 мерки за нерегистрирани возила, 12 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се 5 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 80 мерки за непрописно паркирани возила, 48 возила се подигнати од „пајак“ службата и 18 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот