За две недели во САД околу 10 милиони луѓе останале без работа

Фото: Профимедиа

Речиси 10 милиони Американци во овие две недели се пријавиле за помош за невработени што е најголем број во новата историја.

Ситуацијата во САД, каде се очекува бројот на позитивни случаи да надмине 250.000, има дополнителни проблеми со тоа што за само две недели без работа останаа 10 милиони луѓе.

Бројот на луѓето кои останаа без работа оваа недела надмина 6.6 милиони, што е двојно повеќе во однос на минатата недела кога работата ја загубија 3.3 милиони лица, според податоците на надлежните институции.

Речиси 10 милиони Американци во овие две недели се пријавиле за помош за невработени што е најголем број во новата историја.

Според Џош Липски од независниот истражувачки центар во Вашингтон, американската економија се движеше со  најголема брзина, а одеднаш се намали и милиони работници останаа без работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот