За два месеци подигнати стотина мрши од улиците, повеќето од мачки

Фото: Архива

Оваа 2022 година во месеците јануари и февруари од јавните површини собрани се вкупно 99 мрши од кои кучиња – 44 и и 55 мрши на мачки.

Во период од само два месеци од почетокот на оваа година, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ од јавните површини во градот подигнале вкупно 99 мрши. Во јануари и февруари годинава, вкупно 44 кучиња и 55 мачки кои угинале од најразлични причини биле собрани од комуналните работници од скопските улици.

Причините за огромниот број на животни, кои речиси секојдневно угинуваат низ јавните површини на главниот град се многубројни. Најчесто животните гинат на главните и споредните сообраќајници од страна на несовесни возачи кои своите возила ги управуваат со поголема брзина од дозволената, поради труење но и поради напуштање на животните од нивните сопственици.

– Во надлежностите на ЈП „Комунална хигиена“ спаѓа и подигнувањето мрши од јавните површини. Оваа 2022 година во месеците јануари и февруари од јавните површини собрани се вкупно 99 мрши од кои кучиња – 44 и 55 мрши на мачки. Минатата година пак, од јавните површини во градот, подигнати се вкупно 1.086 мрши од кои 390 на кучиња, 686 на мачки како и 10 мрши на крупен добиток – информираат од ЈП „Комунална хигиена“.

Сепак, за жал, проблемот со угинати животни и собирањето на мрши од јавните површини, не е единствениот проблем со кој се соочуваат вработените во ова јавно претпријатие.

Многу често се случува нивни екипи на терен да затекнат фрлено угинато животно во садовите за одлагање на отпад. Оваа појава се јавува најчесто поради немањето на соодветно место каде ќе можат да го закопаат своето милениче кое го чувале со години. Па така, единствениот избор им е или да го остават угинатото милениче во контејнер заедно со другиот вид на отпад или да се обидат да го закопаат во периферијата на Скопје.

Токму за да се намали или комплетно да исчезне појавата за оставање на угинати животни во контејнерите, со години наназад граѓаните бараат надлежните да изнајдат локација која ќе биде гробишта за миленичињата и на тој начин да имаат можност достоинствено да го „испратат“ животното кое го чувале со години наназад.

Сепак, иако кај нас проблемот со изнаоѓање соодветна локација на која ќе се погребуваат миленичињата трае со години наназад, во светот тоа е соодветно регулирано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот