За ДУИ, Касами и Таравари се „слуги на ВМРО“

ДУИ - штаб / Фото: „Слободен печат“ - Зоран Димовски

„За жалење е состојбата во општините Гостивар и Тетово, со кои раководат Арбен Таравари и Билал Касами, кои се меѓу општините кои лошо се менаџираат и се во долгови. Со долг од десетици милиони евра прво на листата е Јавното претпријатие за општински дејности „Гостивар“, а потоа Општина Гостивар, која седум години по ред продолжува да оди сè подлабоко во долгови“, соопштија од Демократската унија за интеграции.

Од партијата велат дека веќе ја алармирале јавноста за критичната финансиска состојба на соодветните општини и дека на граѓаните јасно им е зошто има недостиг на капиталните инвестиции во овие општини.

„Во однос на долгот не е ништо подобра ниту Општина Тетово, која ја предводи Билал Касами. Касами, наместо да се занимава со менаџирањето на општината, му конкурира на колегата, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој меѓу нив е најдобар вазал на нивниот газда Мицковски, а општината и јавните претпријатија продолжуваат да тонат во долгови. Но, не можеме да очекуваме повеќе од предводниците на нарушувањето на албанскиот легитимитет. ВЛЕН, откако ги деградираше сите достигнувања на Албанците во извршната власт, реши целосно да ја потоне состојбата на општините со кои управуваат, не обврзувајќи се да завршат ниту еден капитален проект за општините со кои управуваат. Граѓаните не заслужуваат вакво лошо управување“, соопштуваат од ДУИ.

Порачуваат дека „вазалите ќе ја добијат казната, а граѓаните ќе имаат достоинствена застапеност и на локално и на централно ниво“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот