За допинг-скандалот со Швјонтек се огласи Кирјос: Сите сега можеме да кажеме дека не сме знаеле
Во центарот на вниманието во тениската јавност во овој период е ситуацијата со полската тенисерка Ига Швјонтек.
Швојнтек била позитивна на допинг-тест на турнирот во Синсинати, а во реакции во јавноста предизвика ниската казна со која се соочи.
Имено, Швојнтек доби суспензија од само еден месец и тоа во период кога речиси и да нема тениски активности. Сега се огласи и Австралиецот, Ник Кирјос кој смета дека Швјонтек требало да заработи далеку поголема казна.
„Сите можеме сега да го искористиме изговорот дека не сме знаеле. Професионалнци на највисоко спортско ниво само велат „не знаевме““, порача Кирјос.
Според последните информации во јавноста Швјонтек заборавила да го пријави лекот.
„Кога на 12 август го даваше тестот за допонг требало да ги наброи сите лекови кои ги користела во претходните седум дена. Ига навела 14 медикаменти, но го заборавила петнаесетиот, мелатонин“, пишува шпанскиот тениски портал „Пунто де Брејк“.
Ќе потсетиме, претходно слични реакции имаше во случајот на Јаник Синер.
Судот за спортска арбитража „дреме“, Синер ќе биде на маки уште неколку месеци