За диплома – 10 дрвца

Со новиот закон сите средношколци и студенти на Филипини се обврзани да засадат најмалку 10 дрвја пред да го завршат своето образование. Властите се надеваат дека законот ќе придонесе во борбата со климатските промени.

CNN пренесува дека садниците ќе одговараат на климата на ова подрачје, а најпосакувани за садење се автохтоните видови. Дрвјата ќе се садат во постоечки шуми, заштитени подрачја, воени подрачја, напуштени рударски места.

Предлог законот, кој го претставил конгресменот Гари Алехано, има за цел промовирање на меѓугенерациската одговорност за заштита на животната средина. Се претпоставува дека ако легислативата се спроведува како што треба, може да резултира со 525 милијарди засадени дрвја по генерација. Додал и дека овие стебла ќе станат живо наследство на учениците и срудентите за идните генерации.

Филипини е една од земјите со најуништени шуми, со вкупна шумска маса од 70 проценти, која се намалила на 20проценти во текот на 20 век. Нелегалната сеча останува проблем за оваа држава, а недостатокот на дрвја во некои области го зголемува ризикот од поплави и лизгање на земјиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот