За Дибиров нема „невозможен агол“, нова мајсторија против Нексе! (ВИДЕО)

фото: Денис Дуковски/rkvardar.mk

Тренерот на „црвено-црните“, Алушовски вели дека ова е само „првото полувреме“ и дека неговите момци ќе го дадат максимумот и на реваншот.

По повеќе од двегодишна пауза Вардар повторно победи во Нашице кај Нексе, а овојпат триумфот од 30:31 (15:15) е особено вреден со оглед на фактот што истиот е дел од четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата.

Петкратниот победник во ова ракометно регионално натпреварување направи сериозен чекор кон пласманот на Ф4 турнирот. Реваншот е закажан за следниот викенд во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ на 15 март.

– Ова е само „првото полувреме“ од овој двомеч. Немаше да биде незаслужено доколку Нексе триумфираше, но сега ние бевме посреќните. За една недела ќе биде реваншот и сигурен сум дека и пред нашите навивачи ќе покажеме силни перформанси за пласман на Ф4 турнирот – рече тренерот на македонскиот, регионалниот и европски шампион Вардар, Стефче Алушовски.

Иван Чупиќ, ракометарот на Вардар:

– Имавме многу проблеми во текот на натпреварот, но на крајот успеавме да дојдеме до поволен резултатот и предност после неколку грешки што ги направи домаќинот. Мечот беше тензичен и рамноправен до крајот. Денеска среќата беше на страната на Вардар.

Да додадеме уште дека руското лево крило на „црвено-црните“ кој имаше фантастична партија од 12 голови, го имаше најдобриот погодок на мечот кој можете да го погледнете на видео записот, а освен тоа и најинтересните моменти:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот