За Џеј Ло важат други правила: Пејачката забележана како вежба во затворена теретана (ФОТО)

профимедиа

Славната актерка и пејачка Џенифер Лопез го покажа своето неверојатно тело, за време на вежбање со вереникот Алекс Родригез во теретана, пренесува Дејли Меил. 

Иако теретаната во Мајами во која редовно вежбаат е затворена поради коронавирусот, Џеј Ло сепак доби дозвола да ја посети.

Фото: Принтскрин

51-годишната поп ѕвезда и нејзиниот вереник се видени како влегуваат од задниот влез на теретаната.

„Оваа теретана не е отворена, останете дома, останете безбедни“, пишува на натписот од задната страна на теретаната, која тие двајца често ја посетуваа пред изолацијата.

Џенифер се појави во спортска опрема, односно во секси облека во која повторно до израз дојде нејзината фигура, а папараците не пропуштија прилика да ја забележат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот