За десет дена казнети 35 возачи во Тетовско за зборување на телефон

 Во текот на изминатата седмица и овие три дена од неделата полицајците од тетовската сообраќајна полиција го октриле и казни возачи од Тетовско кои не користеле сигурносни појаси и зборувале на мобилен телефон додека возеле. Откриени и санкционирани биле 19 случаи на некористење на сигурносен појас и 16 возачи кои управувајќи возило зборувале на мобилен телeфон.

– Едните и другите ќе се соочат со поднесоци и парични глоби кои, зависно од прекршокот, се движат од 40 до 50 евра во денарска противвредност. Ваквите активности ќе продолжат, а до возачите се апелира да се придржуваат на законската обврска за користење на сигурносни појаси и да се воздржат од зборување на мобилен телефон  додека возат, со што ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајотинформира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во Тетово овие три дена има и зачестени контролите на паркирањето во градот и пред сѐ на улиците „Илинденска”, „Маршал Тито”, „Благоја Тоска” и „29 Ноември”. Вчера биле санкционирани и подигнати 15 непрописно паркирани возила, претежно во таканаречени „двојни редови”,  во зона на крстосници и на други недoзволени места. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот